Воспитувачка од Кина е осудена на смрт затоа што затрула 25 деца во градинката во која што работела, а едно од затруените деца почина, јавува Би-Би-Си.
Воспитувачката Ванг Јун беше уапсена лаи кога деца од градинка во градот Ѓиазоуо завршија во болница затоа што им се слошило откако јаделе каша за појадок. Потоа 23 деца започнале да повраќаат и ја изгубиле свеста откако појадувале.
Судот утврди дека воспитувачката ставила натриум-нитрит во појадокот на децата на друг учител, откако тие се расправале околу прашањето за управување, па сакала да му се одмазди.
Ова не било првпат Ванг Јун да труе некого, бидејќи судењето покажа дека таа претходно ставила ист таков отров во храната на нејзиниот сопруг, кој поминал со мали проблеми.