Необична потрага почна вчера во Биелина, Босна и Херцеговиnа. Од приватниот ранч „Танасиќ“, каде што имало и мал зоо-парк, исчезнал кенгурот именуван како Коки Кол, а сопственикот на ранчот ветил награда за тој што ќе го најде, пренесува „Дневни аваз“.
Многу луѓе веднаш се впуштија во потрага по кенгурот, обиколоувајќи населби, дворови, фарми. Како Биелина да е Австралија. Бил виден и на градските улици.
Кенгурот им бил омилен на децата кои имале можност да го посетат ранчот со зоо-парк.