Градскиот стадион во Кавадарци го добива својот нов лик, започна дренажа на новиот терен финансиран со 200.000 евра од Агенција за млади и спорт. За околу две недели теренот ќе биде подготвен за одржување на натпревари, информираат од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
-Континуирано се работи и на изградба и реконструкција на северна и јужна трибина финансирани од ФФМ со околу 300.000 евра. Градскиот стадион во Кавадарци ќе добие сосема нов лик, како што му доликува на нашиот град, нагласуваат од Кабинетот на градоначалникот на Кавадци.