Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и со максимална температура до 26 степени. На места врнежите ќе бидат пообилни проследени со грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.
И утре ќе преовладува променливо облачно време. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Од среда следува стабилизирање на времето.