За опозициската ВМРО-ДПМНЕ новиот четврт по ред пакет мерки за справување со последниците од коронавирусот се само дефокусирање, а со тоа мафијата како што вели Мицкоски ќе стане побогата, а народот посиромашен.
„Не само што се задоцнети овие мерки, туку истото ќе ја продлабочи и онака тешката состојба во државата. Кога веќе се прави ова, требаше да се види искуството од претходните три пакет мерки“, рече Мицкоски.
Искуството е поразително и значи 40 000 нови невработени и рекорден минус од речиси 13 отсто пад на БДП.
Мицкоски потенцираше дека резултатите од погрешните политики од Владата предводена од СДСМ се историскиот пад на индустриското производство.