Заев го презентираше новиот пакет мерки: Поддршка за исплата на плати за три месеци – ММС
ММС

Објавено на: 09/27/20 1:12 PM

Заев го презентираше новиот пакет мерки: Поддршка за исплата на плати за три месеци

Претседателот на Владата Зоран Заев на прес конференција денеска го презентираше четвртиот пакет на економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19.

„Четвртиот сет мерки е директна помош за економската и социјалната сигурност кај граѓаните, како и за поттик на приватната потрошувачка како стимулатор за општествениот раст“, посочи премиерот Заев.