Нови поликлиники ќе добијат населбите Ѓорче Петров, Бутел, Карпош, Аеродром и Ново Лисиче, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по одбележувањето на Светскиот ден на срцето.
Свесни сме, посочи тој, за проблемот на жителите на Бутел и не само на Бутел, туку и во повеќе скопски општини.
– Увидовме дека овој систем на поставување модуларни амбуланти е добар и квалитетен и прилично евтин и во таа смисла се направи план, нешто за што сега и во овој момент имаме буџет, а тоа е да се заменат повеќе постојни амбуланти во Скопје – рече Филипче.