„Стадион“ за платформата за учење, цената за изработка и новиот дигитален живот – ММС
ММС

Објавено на: 09/26/20 1:04 PM

„Стадион“ за платформата за учење, цената за изработка и новиот дигитален живот

Новата платформа на МОН за учење обединува 270.000 наставници и ученици, како и 160.000 предмети. Вкупнно 170.000 тимови во Мајкрософт тимс – виртуелни тимови, во чии рамки се креира виртуелен час. Има мејл секој ученик, секој наставник, One drive за поставување на материјали. Може од едно место да се предава и сите да слушаат – но има можност за учество до 250 учесници одеднаж на една конференција.

Ова во емисијата Стадион на Канал 77 го објасни професор Боро Јакимовски од ФИНКИ, кој е еден од креаторите на Платформата за учење на МОН.  Јакимовски кажа дека оваа платформа користи две големи парчиња  – првиот е алатката Мудл,  што ја користат образовните институции во светот што е слободен софтвер. Додека втората е Мајкрософт тим за интеграција на видео алатките и комуникација. Оваа платформа не чини ни денар, бидејќи користи слободен софтвер, кој се користи вече 18 години.

-Ја поставивме оваа платформа и ја интегриравме со останатите елементи во образовниот систем. Членуваат наставници и ученици, достапни се ресусрси за активности, можат да поставуват документи, веб страни, да поврзуваат екстерни ресурси, да креираат ресури, кои можат да креираат електронски книги, преку интересн начин да се прнеесе знаењето. Има и ресурси како домашна задача, тестови, да се задат забелешки, одговор. Платформата нуди многу можности. Платформата Мудл нема можност за видео часови поради што со Мајкрософт тимс направивме интеграција за видео часови.   Кратко е времето за имплементација, а се работи за обемна платформа. Значителна е серверската структура, рече Јакимовски.

Тој најави дека во текот на следната недела ќе прават тестирања со присуство на сите ученици, доеека предизвик е оптаворувањето на мрежата и платформата. Клучно е да се обезбеди човечки ресурси за да се поддржи целиот процес.

Јакимовски изјави дека договорот со Мајкорсофт што го купува владата и е предмет на шпекулација, не е врзан со платформата.

-Владата купува лиценци за институциите и е договор кој се спроведува една огдина наназад. Тоа што ние го правиме е schools.mk. кој е креиран пред две години. Имаме идеја да се развие компјутерски центар за да се поддржи образвоанието. Слично е во Хрватска, каде има таков систем со 150 вработени, кој го развива, поддржува образовните инстритуции, изјави Јакимовски.

Директорот на прилепската гиманзија „Мирече Ацев“, Димче Настовски рече дополнително набавиле оптички кабел за училиштето, додека присутен е ентузијазам кај повозрасните професори, кои се среќаваат со дигитални алатки за изведување на наставата. Имале обуки, а ичениците добиле акаунти.

Пратеничката Благица Ласовска, претсетел на Комисијата за образование во Собрание, која е дипломиран професор по предучилишно образование оцени дека подготвките требаше да започнат многу порано.

-МОН требаше да го мапира целото образование, со условите во сите училишта. Имавме предлог да се набават комјутери за сите ученици, што не беше прифатено како амандман во законот. Компјутерите во училиштата не се доволно одржувани. Поентата е дека треба секој наставник да има уред.Ни се јавуваат насставниви без уреди, 40.000 деца се без еднакви услови за настава, изјави Ласовска.

Во емисијата, која е интерактивна со учество на слушатели и корисници на социјалните мрежи, слушател, кој се вклучи по телефон преложи да се изработат наставно – едукативни лекции. Од Бирото за јавно образовнание да се изработи материјалите.

-Зошто не пуштат електронски учебниците, МОН ги плаќа. Со еден указ да се даде можност професорите да ги имаат во електронска форма, праша слушателот.

За критиките за доцнењето на образовниот процес одговараше министерката за образование и наука, Мила Царковска.

-Донесувањето на одлуките тебаше да биде во периодот на избори, беше распуштено Собранието, немаше основа за носење на зкаони, системот беше „узбуркан“ поради тоа што не беше очекувано. Сега  е фокусираме да ги надминеме работитме.Да не зборуваме за минатото, туку да помогнат сите кои можат, рече Царовска.

Според Царовска, во Собранието не ги испочитувала пратениците со нивните предлози, но немало многу конструктивни предлози.

-Проектот компујтер за секое дете бил повеќе бизнис пакет, што го докажа и ревизијата,  отколку во функција на училиштата. Државата потрошила многу пари, без позначаен ефект. Ако сега и се тргне во набавка, нема да стигне оваа учебна година, затоа што секаде во светот има недостаток на компјтери. Ние нудиме решенија и не сакале да зборуваме за неприменливи решенија, рече Царовска.