Останете стабилни во нестабилни времиња – ММС
ММС

Објавено на: 09/26/20 7:24 AM

Останете стабилни во нестабилни времиња

Промените кои не’ погодија од почетокот на оваа година ни покажаа колку светот може да биде нестабилен. За тоа како (повторно) да ја пронајдете стабилноста во себе постојат четири начини.

Лимитирајте ја изложеноста на медиумите

Читајте ги оние информации што се поврзани со темите кои ве засегаат лично. Барајте работи на кои можете да влијаете и во нив вложете го својот труд.

Одете по својот пат

Ако се’ уште не сте ја откриле смислата на својот живот, направете го тоа! Откако ќе ја откриете преземете се’ што можете за да оди животот во таа насока.

Останете поврзани

Освен дружбите со роднините и пријателите, треба да останете во врска и со оние луѓе со кои во моментот не го делите истото мислење во поглед на моменталната ситуација.

Дишете

Секој ден одвојте по неколку минути за да можете во тишина да вежбате свесно дишење или пак практикувајте медитација.

 

Извор:  sensa.hr