Во напад со нож во Париз, близу поранешната редакција на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ тешко се повредени најмалку две лица, а уапсени се и двајца осомничени напаѓачи.
Истрагата за нападот ја презело обвинителството за антитероризам, а францускиот премиер Жан Кастекс свикал кризна седница на кабинетот.
За бројот на ранети има различни варијанти, првично се зборуваше за четворица,а потоа за две лица. Исто така беше нејасен и бројот на напаѓачи, еден осомничен бил многу брзо уапсен недалеку од местото на злосторството, а по извесно време кај блиската метро-станица е приведено уште едно лице, за кое се смета дека е втор напаѓач. Како знак на претпазливост во околината се затворени сите училишта, а регионот е целосно опколен од полициските сили.
DW
фото-DW