Роби најубаво се бакнува од сите мажи- Актерката Шерон Стоун воодушевена од славниот актер – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/20 1:39 PM

Роби најубаво се бакнува од сите мажи- Актерката Шерон Стоун воодушевена од славниот актер

Холивудската актерка, Шерон Стоун (62) откри дека од сите партнери со кои играла во нејзината четиридецениска кариера, легендарниот актер Роберт де Ниро (77)  најубаво бакнува.

Во 1995 година, двајцата заедно го снимија мафијашкиот филм „Казино“.

“Боб беше дефинитивно најдобриот бакнувач. Тој беше актерот на кој најмногу му се воодушевував. Само сакав да можам да седам спроти Де Ниро и да си работам своја работа. Можеби затоа што навистина го ценев, тоа беше врв на бакнувањето за мене.

Бев толку вљубена во Де Ниро, што тој буквално не можеше да погреши. Можеше да ме удри со чекан во главата, а јас и понатаму би била воодушевена од него “, рече Шарон во емисијата „Гледај што се случува во живо “.