Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман” во Велес денеска свечена заклетва дадоа 67 кандидати за професионални војници, меѓу кои и девет девојки.
Тие ќе се обучуваат за професионални војници во следните три месеци, а по завршување на обуката, ќе бидат распоредени во некоја од единиците на Армијата.
Од 67-те професионални војници, 19 се испратени на обука во Гардата на Армијата во касарната „Илинден” во Скопје, а останатите 48 војници се обучуваат во Центарот за индувидуална обука кој е во склоп на Командата за обука во велешката касарна.
Денешната свеченост беше од затворен тип поради пандемијата со Ковид-19. На свеченоста присуствуваше и бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев, командат на Командата за обука и доктрини.