Дрвoкратци со тврди предмети синоќа претепале петмина полицајци, приведени се четири лица – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/20 9:33 AM

Дрвoкратци со тврди предмети синоќа претепале петмина полицајци, приведени се четири лица

Полициска патрола синоќа  била нападната на местото викано „Кисела вода“, атар на селото  Степанци, Велешко. Петмина полицајци се здобиле со повреди, двајца се тешко повредени и тројца полесно. Инцидентот се случил околу 20 часот, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додески.

„При преземање на мерки на лица кои што вршеле бесправна сеча и превоз на дрва, биле нападнати пет полициски службеници. Напаѓачите употребиле и тврди предмети. Еден од полициските службеници се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје а четворицата полициски службеници се здобиле со повреди. Веднаш е известен јавен обвинител. Досега се приведени четири лица, идентификувани се другите лица а пронајдено е и возилото кое го користеле. Се преземаат мерки за расчистување наслучајот“, соопшти Додески

Најновите информации се дека двајца од повредените полицајци се пуштени дома. Со најтешки повреди минал командирот на Полициското одделение Чашка.

„Како итни случи се донесени пет лица, две со потешки повреди. Еден од пациентите со потешки повреди на главатам фрактура на коските на черепот и на лицето веднаш е транспортиран на Ургентен центар на Хирушките клиники во Скопје. Тој има и скршеница на рака, а вториот е со рана на стомакот и засега останува во болница. Трите останати лица се со полесни повреди,  двајца се пуштени на домашно лекување, третиот е задржан на одделение“, кажа д-р Весна Николовска-Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.