Вечерва на социјалните мрежи се појави видео и коментар дека 50тина дрвокрадци претепале четворица полициски службеници во атарот на селото Чашка, Велес. Информациите се дека двајца од полицајците се борат за живот.
50-тина дрвокрадци, припадници на ромската етничка заедница претепале 4 полициски службеници во атарот на с. Чашка, Велес. Двајца се борат за живот. Јас предлагам воведување на две работи:
– забрана за огревно дрво
– смртна казна pic.twitter.com/Nt02YlkwUg— Зоран волокиН (@zorbital) September 24, 2020
ММС ја контактираше болницата во Велес од каде ни потврдија дека се донесени повредени полицајци. Оттаму ни рекоа и дека подетални информации за овој случај можат да дадат само хирурзите, но дека тие воопшто не можат сега да се добијат бидејки сите биле зафатени, односно биле во сала.
Порталот batali.net објави дека еден од полицајците има отворена на главата, од челото кон тилот, додека другиот затворена повреда на стомакот.
Од СВР Велес засега не излегуваат со информации за инцидентот, пишува порталот.