Филипче: Родителите на деца кои се во ризична група, може да бидат изземени од обврската да се вратат на работа – ММС
ММС

Објавено на: 09/24/20 6:50 PM

Филипче: Родителите на деца кои се во ризична група, може да бидат изземени од обврската да се вратат на работа

Будно ги следиме препораките на Комисијата за заразни болести и следствено, секогаш размислуваме за донесените одлуки, нивната оправданост и потребата за нивна корекција, напиша на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

„Здравјето на граѓаните е наш приоритет, но мораме да научиме да живееме со пандемијата Ова е пораката од денешната средба која ја остваривме со премиерот Зоран Заев, министерката Јагода Шахпаска и тројца родители, претставници на родителите кои ја користеа мерката за продолжено породилно отсуство поради пандемијата со КОВИД-19, а кои реагираа на одлуката на Владата.

Секоја новодонесена мерка отвора нови прашања, мерките ќе трпат промени согласно новонастанатата ситуација и специфичните потреби на одредени родители. Со соодветна медицинска документација, родителите на деца кои влегуваат во ризична група, може да бидат изземени од обврската да се вратат на работа. Најмалите деца имаат прилично висок имунитет и досега немаме случај на сериозно заболено дете од оваа популација“ напиша Филипче.