Во врска со претстојната посета на претседателот на Словенија на Охрид, Борут Пахор, Секторот за внатрешни работи Охрид, презема соодветни безбедносни мерки. Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците за што, остварени се контакти со сите правни субјекти одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, со Јавните претпријатија, со фирмите кои изведуваат работи за изградба на автопатот Охрид-Кичево како и со други релевантни субјекти.
Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, ќе презема засилени безбедносни мерки на магистралните, регионалните, локалните патишта, сообраќајниците како и на улиците каде, е предвидено движење на делегацијата. Полициски службеници ќе вршат известување до сопствениците на патнички и други моторни возила за дислокација на возилата од паркинг местата на потегот булевар „Туристичка-„Македонски просветители“- кеј „Македонија“.
Предвидени се мерки со специјално возило за подигнување и отстранување на неправилно паркирани и возила оставени на коловоз на овој патен потег, како и во стариот дел на градот каде, нема да биде дозволено запирање или паркирање на моторни возила.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат насоките и укажувањата на полициските службеници. На 26 септември 2020 година, сабота, претседателот Пахор ќе престојува во Охрид, каде заедно со претседателот Пендаровски ќе присуствува на показна вежба на специјалните сили на Армијата на Република Северна Македонија во Кампот за обука на вода – Охрид. Претходно, двајцата претседатели ќе реализираат прошетка низ Охрид и разгледување на културни знаменитости, информираат од Охридската Полиција.