Симултанка на Тајлер Хиро и победа на Мајами за 3:1 во финалето на Истокот во НБА – ММС
ММС

Објавено на: 09/24/20 1:27 PM

Симултанка на Тајлер Хиро и победа на Мајами за 3:1 во финалето на Истокот во НБА

Екипата на Мајами Хит е пред прагот од големото НБА финале, откако синоќа во неизвесен и крајно возбудлив дуел го совлада лутиот ривал Бостон Селтикс со 112:109.

Јунак на вечерта беше дваесетгодишниот поранешен колеџ играч на „Кентаки“, Тајлер Хиро, кој постигна 37 поени и шест скокови.

Хиро ја надмина и иконата на оваа франшиза од Флорида, Двејн Вејд и неговиот рекорд од постигнати 27 поени во плејоф на возраст од 20 или помалку од 20 години. Единствено пред него на оваа листа е Меџик Џонсон и неговите 42 поени во 1980 година.

Покрај него, во победничкиот тим на Ерик Споелстра, Горан Драгиќ изигра стандардно добра партија постигнувајќи 22 поени, лидерот Џими Батлер додаде уште 24, а Бем Адебајо постигна 20 поени и оствари 12 скокови.

Кај Селтикси, Џејсон Татум беше убедливо најистакнатиот поединец со 28 поени, сите од нив во вториот дел од двобојот. Џајлен Браун имаше 21 поен, Кемба Вокер 20, а повратникот во екипата и 14 поени.

На Мајами потребна му е уште една победа за да се пласира во големото финале. Таму ќе го чека подобриот од дуелот Денвер Нагетс и Лос Анџелес Лејкерс. Серијата во финалето на Западот е 2:1 за Лејкерси.