Штип: За еден ден санкционирани 114 возачи – ММС
ММС

Објавено на: 09/24/20 12:20 PM

Штип: За еден ден санкционирани 114 возачи

За само еден час , на осум пункта во Штип беа санкционирани 50 возачи, за околу 6 часа, колку што траеше контролата во текот на вчерашниот ден, санкционирани се 114 возачи.

Овие контроли се дел од засилената акциска контрола што ја спроведува Министерството за внатрешни работи  со санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи.

„Во вчерашната засилена акциска контрола изречени се вкупно 114 санкции, 21 за измината возачка дозвола, исто толку за нерегистрирани возила, 20 за возење без дозвола. Санкционирани се 19 моторциклисти а изготвени се и 4 барања за поведување на прекршочна постапка на правни и одговорни лица, а изречени се и 12 санкции за неносење заштитни маски“, информираше портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

СВР Штип, додава Панајотова, и во наредните денови ќе продолжи со засилени сообраќајни контроли.

„Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, рече Панајотова.