Ѕвездата на Барселона и уругвајскиот фудбал, Луис Суарез, во солзи го напушти тренинг центарот на каталонскиот клуб. Поранешниот напаѓач на Ливерпул во сезоната 2020/21 ќе го носи дресот на ривалот Атлетико Мадрид, откако ги договори персоналните услови со „јорганџиите“.
Атлетико Мадрид остана без шпиц по заминувањето на Алваро Мората во Јувентус на позајмица и со тоа Чоло Симеоно остана само на една опција во нападот, веќе и ветеранот Диего Коста. Аргентинскиот стратег разговарал лично со Суарез минатата недела и успеал да го натера да му се придружи во неговиот тим.
Суарез е само последното име од мини-егзодусот во клубот од Блауграна. Иван Ракитиќ прв направи трансфер во Севиља, додека пак Артуро Видал и Нелсон Семедо исто така си најдоа нови средини во Интер и Волвс.