Децата мора да бидат свесни дека негативните емоции се дел од животот, а основната лекција што треба да ја научат е дека понекогаш мора да постапите спротивно од она што го чувствувате. Децата се родени уметници. Тие се драматични и нивните емоции понекогаш изгледаат нерационално ако се земе предвид дадената ситуација. Го доживуваат светот на свој начин и во согласност со тоа реагираат и ги покажуваат чувствата. Тоа не значи дека имаат право да покажат непочитување или да се однесуваат несоодветно кон оние што ги опкружуваат.
Децата се дел од општеството и за да се чувствуваат добро во него мора да научат да следат некои основни правила, за да не ги повредат емоциите и физичкиот интегритет на останатите. Општествено одговорното однесување е нешто за што се задолжени родителите уште во раното детство. Истворемено, децата треба да бидат свесни дека имаат право да ги изразат своите чувствва, да покажат кога се лути, тажни, исплашени, возбудени и така натаму.
Целосно е погрешно да се стремите кон тоа детето да не биде под влијание на негативните емоции. Ако детето смета дека не би требало да биде тажно или налутено, ќе направи сѐ што е во негова моќ за да ги избегне тагата и лутината, но тоа нема да му помогне да се чувствува подобро. Тоа не е здраво. Од истите причини, децата од кои се бара да не ги изразуваат своите емции посебно ако се негативни, кои поради нивната лутина или тага ги праќате во друга соба, подоцна ќе одбиваат да зборуваат за своите чувства. Нема полза од тоа да сакате да ги измените или загушите емоциите на детето, туку да се направи промена во однесувањето коешто ги предизвикало таквите емоции.
Тоа загушување на емоциите вообичаен се постигнува со изјавите на родителите од типот:
Не драматизирај.
Зарем ќе креваш толкава галама поради глупости?
Кога ќе престанеш да плачеш тогаш ќе ти го дадам тоа што го сакаш.
Како може да се плашиш од тоа?
Како да направите разлика меѓу емоциите и однесувањето?
Пред сѐ, мора да научите да правите разлика меѓу она што детето го прави и она што го чувствува.
На пример:
Лутината е емоција, удирањето е однесување. Невозможно е да го убедите дете да не чувствува нешто, но треба да му покажете како да се носи со непријатните чувства. Ментално стабилните деца знаат да ги препознаат различните емоции и тие се способни да одберат здрави начини на кои би се носеле со чувствата без да ги загрозуваат другите.
Децата се многу поотпорни од возрасните. Кога тие се сигурни, можат да се соочат со своите стравови без двоумење. Децата мораат да сфатат дека понекогаш сите се принудени да направат нешто, а таквиот избор честопати нема никаква врска со емоциите.
Извор: zenskikutak.rs