Tркалезна маса: „Маврово – дестинација за спортско качување во подем” – ММС
ММС

Објавено на: 09/22/20 3:21 PM

Tркалезна маса: „Маврово – дестинација за спортско качување во подем”

Мавровскиот крај има услови за развивање на споротско качување и огромен потенцијал за активниот туризам. Со добра понуда, може да привлечат поголем број на странски и домашни туристи тоа да придонесе и за развој на области како Маврово.

Ова е една од констатциите од тркалезна маса на тема Маврово – дестинација за спортско качување во подем што ја организираа Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, Амбасадата на Република Франција во Република Северна Македонија и Македонска Спортско Качувачка Федерација. На неа учествуваа преставници на локалната самоуправа, Француската амбасада, на Македонска Спортско Качувачка Федерација и Федерација на планинарство на Северна Македонија, директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, претставници од приватниот, невладиниот сектор и јавните институции.

На настанот беа разменети искуства и информации во однос на досегашните активности и инвестиции од различните засегнати страни за развој на активниот туризам во РСМ, со посебен осврт на спортското качување во Маврово и неколку други локации низ државата. Се дискутираше и за потенцијалот и предизвиците за развој и промоција на Македонија како туристичка дестинација за спортско качување.

– Спортското качување има огромен потенцијал за развој на активниот туризам во нашата држава и е начин да привлечеме што поголем број на странски и домашни туристи, со што ќе се придонесе и за развој дестинациите како што се Маврово, Демир Капија и други. Продолжуваме со соработката со бизнис секторот и државните институции за да има пооптимално искористување на потенцијалот и подобра промоција на нашата држава за да ја ставиме Македонија на светската мапа на дестинации за спортско качување, изјави Тања Георгиевска од Швајцарската програма ИМЕ.

На настанот присуствуваа и претставници од Француската качувачка федерација, кои во земјава се ангажирани да изработат нови насоки за качување во околината на Маврово и на неколку други локации низ државата.

Во дискусиите беше обрнато внимание на качувањето по карпи како поттик за развој на туризмот во земјата, безбедност и аспекти на зачувување на животната средина.

Џонатан Крисон од Француската качувачка федерација, го сподели одушевувањето и привилегијата што Федерацијата ја има за да постави нови патеки за качување во Маврово, со висока категоризација, односно професионално качувачко ниво.

Владимир Трповски, Претседател на Македонската федерација за спортско качување истакна дека како националната федерација со години работи на усовршување и зголемување на потенцијалните места за спортско качувачки туризам.

– Во моментот, на гости ги имаме Националниот младински тим при Француска качувачка федерација, кои во улога на млади амбасадори искачуваа 250 метри долга карпа која е предизвик за врни качувачи. На таа карпа, францускиот тим отвори осум должини на јаже, насока за спортско качување и нејзината тежина ќе ја вброи меѓу најтешките долги насоки за качување на Балканот.

Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ обезбедува поддршка за подобрување на конкурентноста во три сектори: одржлив агробизнис, активен туризам и ИКТ вклучување на жените и младите лица во овие сектори.