Сашо Ордановски добил над 10.000 страници транскрипти од прислушувани телефонски комуникации – ММС
ММС

Објавено на: 09/22/20 2:25 PM

Сашо Ордановски добил над 10.000 страници транскрипти од прислушувани телефонски комуникации

Судењето за еден од најголемите скандали поврзани со нарушување на приватноста во државата денес во Кривичниот суд во Скопје продолжува, откако дваесеттина новинари и работници од медиумите беа повикани во својство на сведоци за предметот „Таргет Тврдина“.

Поранешниот новинар во „1ТВ“, Сашо Ордановски, во изминатиот период добил 10.000 страници транскрипти во папката од следени телефонски и компјутерски комуникации. Тој и неговата сопруга биле физички следени.

-Не само што се чувствувам оштетен, туку чувствувам материјална и морална штета. Вечерта на четврти наспроти петти мај 2015 година, во воздух е кренато моето возило во домот во Бардовци, изјави Ордановски во судницата.

Ордановски е само дел од прислушуваните медиумски работници. Новинарката на „ИРЛ“, Сашка Цветковска, како и сите останати открила дека е прислушувана на прес-конференцијата на тогашната опозициска СДСМ во фамозните „бомби“ на Зоран Заев.

-Во 2015 година ми беше дадена папка со транскрипти од лични и професионални разговори. Во 2017 година за првпат дознав за временската рамка кога било прислушувањето, вели Цветковска.

Таа рече и дека е бара професионална оштета преку граѓанска парница.