Младен Чадиковски: Се сомневав дека сум прислушкуван, ќе барам оштета – ММС
ММС

Објавено на: 09/22/20 1:36 PM

Младен Чадиковски: Се сомневав дека сум прислушкуван, ќе барам оштета

Како сведок на денешното рочиште на судскиот процес „Таргет-Тврдина“ се појави и новинарот Младен Чадиковски.

Тој изјави дека  на прес конференција на тогашната опозиција СДСМ во 2015 година добил папка со транскрипти од разговори што тој ги имал со  пријатели и колеги, на новинарски теми. Тоа биле транскрипти на разговори водени во периодот додека тој  бил вработен во А1 телевизија и неделникот Фокус.

„Тогаш не можев да тврдам, но се сомневав дека сум прислушуван. Се чувстувам оштетен, и ќе барам оштетно побарување, но за сумата подоцна ќе се произнесам“, рече Чадиковски.