Како сведок на денешното судење за судскиот процес „ Таргет-Тврдина“, новинарот саше Димовски изјави дека прислушувањето се вршело на неговиот приватен телефон кој го користел од 2001 година, на кој му се менуваа префиксите. Димовски кој во тој период работел како новинар во неделникот и тогашен дневен весник Фокус.
Се започнало во 2010 година кога на насловната на “Фокус” излегла насловна, вели Димовски но сомневањата за прислушување започнале кога добил транскрипти од нелегални прислушувани разговори од обвинителството во Гевгелија. Тој вели дека целата ситуација влијаела на неговата здравствена состојба и неговата работа. Му била предадена папка од страна на политичката партија СДСМ. Димовски вели дека покрај негови снимени материјали во папката имало и туѓи разговори.
„Моите разговори се најдоа буквално како на зелено пазарче. Ваквата ситуација ми предизвика сериозни здравствени последици калп шеќер, слњпило, полу ампутирана нога и инфаркт“,рече Димовски.
Тој се чувстува како оштетен и бара оштета од 30. 000 евра со приложување на фактури и 20.000 евра на име на материјална и нематеријална штета.