Дваесет прислушувани новинари повикани да сведочат во Кривичниот суд – ММС
ММС

Објавено на: 09/22/20 11:16 AM

Дваесет прислушувани новинари повикани да сведочат во Кривичниот суд

Обвинителката Ленче Ристовска повика 20 новинари како сведоци на рочиштето за аферата за прислушување, познато во јавноста како Таргет Тврдина. Дел од новинарската фела пред пладне започна да пристигнува во Основниот кривичен суд. На судењето влегоа Васко Поп Петрески, Горан Михајловски, Борјан Јовановски, Оливера Трајковска, Сашо Ордановски, Сашка Цветковска,  Катерина Цаневска, Саше Димовски. Присутен е и Сашо Мијалков, екс директорот на УБК, кој е обвинет во случајот.

Во судот влегоа и Фросина Ременски со нејзиниот сопруг, како и поранешниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Судскиот процес го води судијката Џенета Бечковиќ, додека обвинението е застапено од тројца обвинители, Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро. Судењето е закажано за во 12 часот и се очекува да започне во секој момент.

Новинарите најавуваат дека ќе бараа обештетување.