Сето она што го даваш, ти се враќа назад! Лујза Хеј беше талентиран психолог и еден од основачите на техниките за самопомош низ позитивно размислување, како и автор на повеќе од 30 психолошки книги. Таа го победи ракот без да користи ликови и им помогна на илјадници луѓе да ја пронајдат среќата, да оздрават, а со тоа и да го променат својот живот.
Нејзиниот начин на размислување и мудростите кои ги остави зад себе ќе живеат вечно, а во продолжение прочитајте кои се најпознати од нив.
Луѓето што ви нанеле болка се исто така исплашени како и вие сега.
Ние го формираме најголемиот број стравови уште во детството, а како што минуваат годините, ситуациите ги свртуваме по наша желба за да можеме во нив да ги сместиме сопствените верувања.
Минатото поминало засекогаш – тоа е факт и тука ништо не може да се направи. Сепак може да го промениме своето мислење за минатото. Колку е будалесто да се казнувате себеси денес бидејќи некој сте навредиле пред десет години?
Мора да се ослободиме и да им простиме на сите без исклучок, особено на нас самите. Можеби не знаеме како да простиме, но најважно е тоа силно да го сакаме.
Она што го мислиме за себе, тоа станува и наша реалност. Секоја наша мисла ја обликува иднината.
Самоприфаќањето е клуч за позитивни промени во нашиот живот.
Да се сакаш себеси значи да го славиш секој дел од себе и да му бидеш благодарен на Бога за подарениот живот.
Сето она што го даваш, ти се враќа назад.
За да го промениш другиот, прво мора да се промениш себе. Мора да го промениме начинот на размислување.
Што подолго се држите до една работа, толку порано ќе мора да се ослободите од неа. Опсесиите се опасни.
Ако нешто во животот е лесно, тогаш тоа не се лекциите. Тоа е она што веќе сме го знаеле.
Телото постојано ни се обраќа. Кога само би одвоиле повеќе време за да го слушнеме! Секоја ќелија во телото реагира на секоја наша мисла и на секој збор.
Самокритиката го поттикнува егото. Ако го истренираме умот константно да им се противи на промените, многу тешко ќе го игнорираме она што егото ни го говори од навика.
Ослободете се од мислите што ви создаваат несреќа. Правете го она што го сакате, комуницирајте со луѓето во чие друштво се чувствувате добро.
За да имате убави работи, мора прво да верувате дека тие се возможни. Секој од нас е сам одговорен за она што му се случува во животот, како за добро, така и за лошо.
Љубовта доаѓа тогаш кога најмалку ја очекувме. Константната потрага по љубов не турка кон тага. Љубовта не постои таму некаде, таа е во нас и с нас. Сакајте и ќе бидете сакани.
Вината е целосно бескорисно чувство. Таа никогаш никому не му помогнала и не може да промени ниедна ситуација. Излезете од тој затвор што побрзо.
Секој од нас поминал ние некакви навреди. Способноста да ги заборавите непријатностите е знак за духовна зрелост и мудрост. Било што било, тоа е дел од минатото. Скинете ги ланците кои ве врзуваат за минатото. Додека не научиме да простуваме, минатото нема да не’ напушти и никогаш нема да бидеме навистина здрави и среќни.
Извор: stil.kurir.rs