Од утре започнува Меѓународниот фестивал „Отело“, сцената под отворено небо – ММС
ММС

Објавено на: 09/21/20 3:03 PM

Од утре започнува Меѓународниот фестивал „Отело“, сцената под отворено небо

На летна сцена и со гледалиште под отворено небо ќе се одржи четвртиот по ред театарски фестивал „Отело“. Организаторот, Здружението за култура „Отело“, денеска ја најави програмата и ги претстави учесниците на годинешното издание.

Фестивалот ќе го отвори претставата „Кокошка“ во изведба на театарот „Сфумато“ од Софија, по текст на Антон П. Чехов и во режија на Ана Батева.

Годинава за ова издание ќе се прави посебна сцена во непосредна близина на гостиварската патарина на паркингот пред хотелот „Игнација“.

Најголем проблем било да се обезбедат услови за одигрување на претставите, но и да најдат претстави кои ги играат помалубројни екипи.

– Оваа година успеавме да обезбедиме учество на повеќе театри од Балканот со што на театарската публика ќе ѝ овозможиме ново театарско искуство. Предвидени се пет претстави кои ќе конкурираат за некоја од наградите. Беше навистина напорно да се усогласат уметничките видувања и протоколите за заштита, но сметам дека сепак ќе успееме, изјави Берат Салиу продуцент на фестивалот.

Љубителите на театарската игра од утре 22 септември секоја вечер до 26 септември покрај „Кокошка“ ќе можат да ги видат и претставите: во среда „Зоолошка приказна“ копродукција на Тетовскиот театар и Тетовскиот универзитет во режија на Гент Чајана, во четврток со „Не ми го чепкај пивото“ ќе настапи театарот „Златен Елец“ на четвртата вечер на сцената ќе излезе актерската екипа на градскиот театар од Прешево, Србија со претставата „Мистерија“ на Алдо де Бенедети и во режија на Афеида Боричи Мемемти. На затварањето предвидено да се одигра делото на Јоргос „Не слушам, Не гледам, Не зборувам“ во режија на Доналд Хасани и Валдрин Асани и продукција на ДВШ Тирана, Албанија.По завршувањето на фестивалот, на последната вечер ќе бидат доделени и наградите: Најдобра претстава, најдобар режисер, најдобар актер и актерка.

Преставите почнуваат во 20 часот, а влезот е слободен.

з. г. м.