Дваесет годишен штипјанец, четириесетина минути по полноќ, физички нападнал двајца малолетници. Тие не можеле да се одбранат од насилникот, но наместо нив тоа го направил таткото на еден од малолетниците. Тој го нашол насилникот и физички се пресметал со него.
„На 21.09.2020 во 00.46 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 00.30 часот на ул.„Крушевска Република“ во Штип, А.Ј.(20) од Штип физички нападнал две малолетни лица. Според пријавеното, по кратко време дошол Д.М.(37) од Штип, татко на едниот малолетник и физички го нападнал А.Ј“, пишува во Полицискиот билтен.
По комплетирање на случајот против А.Ј. и Д.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.