Сега Денвер веќе почнува да игра? Или Лејкерс е пресилен за да му се случи истото што и на градскиот ривал Клиперс?
Тројката на Ентони Дејвис на две секунди до крајот на натпреварот му овозможи водство од 105:103 на Лејкерс над Денвер и втора победа во серијата на финалето на Западот.
Дејвис беше неверојатен, со 31 поен беше убедливо најдобриот стрелец во својот тим. Покрај скорерското расположение, Дејвис забележа и девет скокови.
Популарната „веѓа“ го засени уште еднаш феноменалниот српски центар, Никола Јокиќ, кој во последните мигови од мечот постигна 11 поени, вкупно 30, проследени со девет асистенции и шест скокови.
Главната ѕвезда на Лејкерси и НБА, Леброн Џејмс, влезе во статистика со 26 поени и 11 скокови. Џамал Мареј постигна еден поен помалку, недоволно да се валоризира камбекот од -16 и во овој дуел.
По победничкиот звук центарот на Лос Анџелес Лејкерс извикнал „Коби“, во знак и сеќавање на легендата на НБА лигата и омаж на неговата врвна кошаркарска кариера и влијанието на Брајант врз многу генерации.
-Секако, најдобриот шут во мојата кариера. Никогаш немам погоден гејм-винер како овој претходно. Тој погодуваше милион победнички шутеви во регуларната сезона, плејофот, финалињата. Беше специјален момент за мене, особено ако се земе предвид тоа што со мојот шут отидовме на 2:0 во серијата, изјави Ентони Дејвис.
Српскиот центар и убедливо најквалитетен играч во ростерот на Мајк Малоун, се осврна на случувањата и возбудливата завршница на мечот број два на конференциското финале, велејќи дека ништо не е готово и дека Денвер веќе бил двапати во плејофот во ваква ситуација.
-Ние тука веќе бевме. Врвните играчи остваруваат врвни шутеви. Дејвис е многу добар кошаркар. Ние сме екипа од сенка, мораме да се бориме, тоа е нашата шанса. Загуивме, но игравме добро. Бевме во негатива, се враќавме. Мораме да ги кренеме главите и да се подготвиме за следниот двобој, рече Јокиќ по натпреварот.
Во второ финале на Истокот, Мајами има водство на Бостон од 2:1.