Кичеец доби упатен акт, од кога и каде ќе ги помине трите години затвор за „Рекет“ – ММС
ММС

Објавено на: 09/21/20 11:52 AM

Кичеец доби упатен акт, од кога и каде ќе ги помине трите години затвор за „Рекет“

Зоран Милевски – Кичеец доби упатен акт и датум, кога и во кој затвор да се појави за да ја издржи затворската казна од три години за случајот „Рекет“. Кривичниот суд сепак не открива за во кој затвор му е упатот, бидејќи чека и официјално Кичеец да го прими документот.

Но, Милевски има можност да бара одлагање на одењето во затвор согласно Законот за изршување санкции. Тој беше осуден на три години затвор откако призна вина како трето обвинет во „Рекет“. Освен него за изнуда на над еден милион евра, осудени се и шоуменот Бојан Јовановски или Боки 13 како и поранешната шефица на Специјалното обвинителство Катица Јанева.

алсат-м