За денеска попладне во 18.30 часот е закажана седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде се очекува да биде изгласан нов состав на Извршниот комитет на партијата.
Се најавува дека Извршниот комитет ќе биде помал по број од претходниот и ќе содржи неколку нови имиња кои ќе му дадат дополнителна тежина и динамичност. Комитетот ќе се потпира и на искуството на луѓе кои долго се во партијата и даваат огромен придонес во теренската работа. Ќе останат оние неколку членови од претходниот состав на кои мандатот сѐ уште не им е истечен.
Новиот извршен комитет е дел од пакетот структурални промени кој го започна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски веднаш по изборите. Централниот комитет изгласа нов статут кој беше поздравен како најдемократски од Европската народна партија. Потоа се избра нов претседател на Унијата на млади сили и нов Извршен комитет на УМС, се распиша оглас за нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а беа назначени претседатели на значителен број на општински комитети и тој процес ќе продолжи. На седницата на Централниот комитет ќе се расправа и за прашања поврзани со резултатите на изборите.
плусинфо.мк