(Видео) На школо со маска а додека мама пие кафе пред зграда со 40 деца без маска – Реакции на протоколот за училиште – ММС
ММС

Објавено на: 09/21/20 11:11 AM

(Видео) На школо со маска а додека мама пие кафе пред зграда со 40 деца без маска – Реакции на протоколот за училиште

Видеото „Безбедни на училиште“, кое министерот за здравство Венко Филипче го објави на социјалните мрежи, а се однесува на тоа како ќе изгледа враќањето на училиште повторно ги вознемири родителите, кои рафално му поставуваа прашања, објаснувања и критики. Многу од родителите имааат дилеми гледајки ги правилата, дека поголемиот дел од нив нема да успеат.

https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/957126191467131

Ова се дел од коментарите: „Видеото е наравено во средено училиште, но поголемиот дел од училиштата немаат основни услови за хигиена“, „Ужас, жално за децата, особено за првачињата ама после училиште мама ќе пие кафе пред зграда со комшивките а 40 деца ќе играат без маски“,  „Прво треба да ги воспитаме мајките да си ги научат децата на основна хигиена дома па потоа децата“…