Санкционирани се 346 возачи во Скопје, 150 за пречекорена брзина – ММС
ММС

Објавено на: 09/21/20 9:16 AM

Санкционирани се 346 возачи во Скопје, 150 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 346 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 150 прекршоци, нерегистрирани возила 24, 28 санкционирани мотоциклисти и три одземени мотори, 54 мерки за непрописно паркирани возила и 29 возила подигнати со пајак (вкупно 83), а изречени се и 48 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.