Случајот „Монструм“ за петкратното убиство на момчињата Кире Тричковки, Филип Славковски, Цветанчо Ацевски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, пред осум години, продолжува со денешното рочиште на кое свој збор ќе имаат сведоците на одбраната на обвинетите.
Судскиот предмет е во фаза на доказна постапка, а на претходните рочишта како сведоци се појавија полициски службеници од Крим техника и од Одделението за претрес.
За грозоморното убиство на Смилковското езеро обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кој е во бегство, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.
Огнен Ставрев и Осман Шабани се носители на овој судски предмет, додека пак поранешните обвинители на СЈО, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, го застапуваат ова обвинение.