Српската државјанка Маја Стојковиќ, која живее на Кефалонија, засекогаш ќе го памети невремето што го погоди тој грчки остров. Додека ураганот Јанос опустоши се зад себе, Маја роди здраво девојче. Името на девојето е Теодора. Мајката и бебето се добро.
Кефалонија беше погодена од ураганот Јанос во истиот момент кога се роди малата Теодора. Бебето се родило со 3.600 грама, а долго 54 сантиметри.
Маја вели дека породилната болница е новоизграден дел од главната болница во Аргостоли.
„Веројатно изолацијата и добрите прозорци влијаеја да не бидеме воопшто свесни за невремето надвор“, објасни среќната мајка.
Како што додава Маја Стојковиќ, поголемиот дел од островот бил без електрична енергија и вода во одредени периоди за време на викендот, па затоа болницата била можеби единственото место што имало непрекинато снабдување со електрична енергија поради генераторот.
„Тука немаше паника. Ми се чини дека паниката започна кога луѓето ги видоа последиците од невремето “, изјави Маја за Интернет порталот РТС.
Овој дел на Грција претрпе голема материјална штета. Стариот пешачки мост во Аргостоли беше оштетен, пристаништето беше оштетено, столбовите беа извлечени.
Жителите на Кефалонија велат дека ова не е ништо во споредба со штетите што ги претрпе северниот дел на островот и Асос – едно од најубавите места во Кефалонија.
Сепак, филмската приказна на Маја за одење на островот Кефалонија поради филмот „Мадолината на капетанот Корели“ и средба со човекот од нејзиниот живот таму, сега ја заврши новиот член на семејството.
Преземено од: https://www.rts.rs/