Денеска во општина Маврово – Ростуше се одржа вежба ″Маврово 2020″на Републичките сили за заштита и спасување и Тимовите за брз одговор при Дирекцијата за заштита и спасување.
„Во општина Маврово – Ростуше се одвива тридневна вежба на Дирекцијата за заштита и спасување, односно на силите за заштита и спасување, тимовите за одговор и просторните сили. Се работи за една комплексна вежба каде републичките сили за заштита и спасување ќе ги покажат своите способности и ќе направиме вежбовни активности за да може да се видат евентуални аномалии во делот на заштитата и спасување. Една од работите е и проверка на материјално техничките средства кои ги има Дирекцијата за заштита и спасување. Се работи за една сериозна вежба прва во низа од планираните вежбовни активности на Дирекцијата за заштита и спасување каде што тимовите ќе ги покажат своите способности“, изјави на директорот Аднан Џафероски.