Денеска во Дојран се одржува Националното триатлон првенство 2020 – пливање, возење велосипед и трчање, а во 2005 година за последен пат во Дојран , се одржа Балканско триатлон првенство.
На денешниот триатлон учествуваа вкупно 80 натпреварувачи, во 12 категории на сите возрасти.
Севкупен победник е Игор Димовски, последниот македонец што го преплива Ла Манш.
Настанот е во организација на Општина Дојран и Триатлон федерацијата.
Организаторите пред почетокот на настанот ги повикуваа сите учесници на настанот, без исклучок, да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.
„Носењето маска, пред и по трката, е задолжително. Избегнувајте групирање, одржувајте физичка дистанца и редовно дезинфицирајте ги рацете на пунктовите кои ќе бидат поставени за таа цел“, апелираат организаторите.