Во она што некогаш беше македонско дерби, Вардар успеа да издвои победа над конкурентот за врвот Шкупи, но денес вардарци во Ѓорче не успеаа да продолжат со добрата игра и да забележат уште три бода на свое конто.
Тимот на Александар Васоски не можеше да се справи со напаѓачот од Гана, Абдул Басит Калид, кој постигна два погодоци и го реши натпреварот. Уште во втората минута Калид го отвори резултатот, Стефан Лазаревиќ десет минути подоцна го изедначи, а Калид при крајот на првото полувреме го врати водството на домаќините.
Второто полувреме се играше со далеку побавно темпо, со многу прекршоци и тактички надмудрувања. Македонија се искачи на четвртата позиција на табелата, имајќи меч повеќе од Шкупи, Силекс и Шкендија,
Во вториот дуел денес од шестото коло, Работнички и Струга Трим и Лум изиграа без победик. Возбудувања беа видени при крајот на мечот кога Дејан Цветаноски постигна гол за 0:1. Радоста на гостите не траеше долго, бидејќи Милош Тошески во 86 минута го изедначи двобојот.
На утрешната програма од ПМФЛ ќе се најдат и натпреварите: Беласица-Пелистер, Шкендија-Академија Пандев, Шкупи-Ренова и Силекс-Борец.