Ако припаѓате на онаа група родители која се труди да го сопре трупањето играчки во домот, доаѓаат добри вести за вас! Експертите советуваат дека патувањата и новите искуства подобро влијаат на детскиот развој од скапите играчки. Патувањата може да го забрзаат развојот на детскиот мозок. Детскиот психолог, Маргот Сандерленд тврди дека заминувањето на одмор претставува одлична инвестиција во развојот на детскиот мозок.
Кога одите на семеен одмор, вежбате два генетички интегрирани системи кои се наоѓаат во мозокот. Овие делови ретко се „вежбаат“ дома. Постои „систем на игра“ и „систем на барање“ – истакнува психологот за Healthy holistic living.
Благосостојба и среќа на детето
Според психологот, „системот на игра“ во мозокот се вежба секогаш кога детето ќе ги стави нозете во песокот, ќе го ставите во базен или го носите на грбот. Додека „системот на барање“ се вежба секогаш кога истражувате заедно. Со вежбањето на овие два система се стимулира растот на фронталниот лобус. Тој дел од мозокот е задолжен за когнитивното функционирање, решавање на проблемите. Што подолго ги вежбате вие способности, толку појаки ќе бидат децата. При активација на тие системи во нашиот мозок се ослободуваат материи кои го намалуваат стресот и ни помагаат да се чувствуваме добро и сигурно.
Една студија спроведена во 2017 година докажала дека поради времето поминато со семејството може да се чувствуваме сакано. Во студијата учествувале 495 мажи и жени на возраст од 18 до 93 години. Тие морале да пополнат прашалник и да одговорат на прашања на темата „Поради што луѓето се чувствуваат сакано“? Секое од поставените прашања почнувало со „Повеќето луѓе се чувствуваат сакано кога…“.
Истражувањето открило дека тие „микро“ моменти на позитивност, убави зборови, милување со детето и чувството на разбирање прават луѓето да се чувствуваат сакано. Семејните одмори нудат можности за интеракција полна љубов, бидејќи семејството е ослободено од секојдневните обврски.
За следниот роденден или празник, наместо играчка, размислете за тоа на детето и на себе да си подарите семеен одмор. Можете да им кажете и на другите луѓе наместо да купуваат играчки, да учествуваат во финансирањето на семејниот одмор. Спомените од тоа посебно време што ќе го поминете заедно како семејство ќе траат многу подолго од детската игра со која било играчка.
Извор: zenskikutak.rs