ЕП: Лукашенко не е претседател на Белорусија – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/20 5:52 PM

ЕП: Лукашенко не е претседател на Белорусија

Европскиот парламент го поддржува воведувањето санкции против белорускиот лидер Александар Лукашенко и не го признава за легитимен претседател на Белорусија, се наведува во текстот на резолуцијата на ЕП.

Резолуцијата предвидува воведување санкции против Лукашенко и голем број белоруски граѓани.

„Нагласуваме дека Европскиот парламент, во согласност со ставот на Европскиот совет, ги отфрла резултатите од така наречените претседателски избори во Белорусија што се одржаа на 9 август, со оглед на тоа што тие се одржаа во недопуштена повреда на сите меѓународно признати норми, и не го признаваме Александар Лукашенко за претседател на Белорусија, се наведува во документот.
Тие сметаат дека Лукашенко нема мандат да потпишува никакви договори, вклучително и со Русија. Европратениците го сметаат опозицискиот Координативен совет на Белорусија за „привремени претставници на народот“ и го поддржуваат одржувањето на нови избори.

Во текстот се бара воведување санкции за Лукашенко и голем број белоруски граѓани. Покрај тоа, се бара да се повлече одлуката за одржување на Светскиот шампионат во хокеј следната година во Белорусија.

ЕП повика на блокада давање на кредити на  Минск од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој и започнува силна финансиска поддршка на опозицијата.

Масовните протести на опозицијата започнаа во Белорусија на 9 август, по претседателските избори. Според Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко победи на изборите со 80,1 процент од гласовите. Опозицијата не ги признаваше изборните резултати и смета дека победник е Светлана Тихановска.

Уште минатата недела Европскиот парламент усвои резолуција за Белорусија, која одби да ја признае победата на Александар Лукашенко на претседателските избори и повика на поостри санкции за таа земја.

Резолуцијата предвидува ослободување на лидерот на опозицијата, Марија Колесникова и, како што се наведува, сите политички затвореници и изразува поддршка за опозицискиот Координативен совет, како и за Светлана Тихановска, која беше противник на Лукашенко на изборите.

Европските законодавци исто така ја осудија Русија за „хибридно мешање“ во белоруската политика и изразија недвосмислена поддршка за народот на Белорусија во нивната борба за демократија.

Беа поддржани барањата на белоруската опозиција за организирање нови избори.

Колесникова е една од тројцата политичари кои го водат опозициското движење, но таа е единствената која не избега од Белорусија.

Таа тврди дека го скинала пасошот кога безбедносните служби се обиделе да ја исфрлат од земјата.

Минатата недела Колесников беше запрена од маскирани лица на улица во Минск и ја ставиле во комбе. Таа и уште две лица биле однесени на границата со Украина, но таа спречила присилна депортација со кинење на нејзиниот пасош и фрлање низ прозорецот на комбето.

Преземено од: https://www.vijesti.me/