Тиаго Алкантара е второто засилување на Ливерпул – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/20 2:40 PM

Тиаго Алкантара е второто засилување на Ливерпул

И тоа се случи. Шпекулациите за промена на средината на поранешниот играч на Барселона се овистинија, откако Баерн Минхен денес и официјално се опрости од својот фудбалер кој во дресот на Баварците помина цели седум години.

Алкантара, инаку голема желба на Клоп, ќе потпише за Ливерпул во следните денови, а тимот од Мерсисајд ќе мора да му плати на Баерн 27 милиони фунти за ннеговите услуги.

На шпанскиот репрезентативец следната година му истекува договорот со Баерн Минхен и затоа, но и поради неговата желба за играње во Премиер Лигата, челниците на германскиот шампион се решија да го одобрат неговото барање и да го продадат Тиаго во Ливерпул.

Донесувањето на Тиаго во клубот, би можеле да „помати“ нечии сметки во средниот ред на англискиот шампион. Винјалдум, според англиските и шпанските медиуми е на раскрсница, дали да остане уште една сезона во Англија или среќата да ја побара кај неговиот сонародник во Барселона, Роналд Куман. Имено, Барселона е силно заинтересирана за Холанѓанецот, а замислата на новиот предводник на Каталонците е спојување на Винјалдум со Френки Де Јонг и Мирален Пјаниќ, во обид да се освежи средниот ред на тимот.