Неколку фотографии од две официјални средби на новиот министер за информатичко општество и администрација, Јетон Шакири имаат иста сценографија со знамето на Албанија во центар на вниманието.
На првата средба со Никола Бертолини, шеф на одделот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири е на маса на која се гледа албанското знаме со двоглавиот орел, знамето на ЕУ и македонското знаме.
Министерот Шакири на средбата се заблагодарил на Делегацијата на ЕУ за континуираната поддршка и успешната соработка во однос на реформите на јавната администрација и дигитализацијата, почнувајќи од воспоставувањето на платформата за интероперабилност со ИПА 2010 како основа за развој на Националниот портал за е-услуги и на Регистерот на население во рамки на ИПА 2012 и 2013, стои во официјалното соопштение од средбата.
На следната срдедба со амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо, иконографијата не е промената со задолжитеното знаме на Република Албанија.