Штипјанец по вторпат заболен од коронавирус – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/20 1:52 PM

Штипјанец по вторпат заболен од коронавирус

Маж вработен во конфекција во Штип, кој веќе еднаш го прележал вирусот, сега е повторно заболен. Ова е втор регистриран случај во Штип на повторување на коронавирусот.

Директорката на Центарот за јавно здравје – Штип,  Марија Димитрова, вели дека работникот првиот пат би позитивен пред неколку месеци, а бил откриен при масовното тестирање во текстилните конфекции. Додека првиот пат бил асимптоматски, овој пат тој појавил поблаги симптоми, по што бил тестиран и бил позитивен на коронавирусот.

Првиот случај на повторно заболување со коронавирусот, беше регистриран кај 46 годишен маж, кој откако оздраве, по неколку месеци се зарази од „текстилниот кластер“ и заврши во болница.