Ќе субвенционира ли државата „етнички вработувања“ во приватниот сектор? – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/20 1:43 PM

Ќе субвенционира ли државата „етнички вработувања“ во приватниот сектор?

Првиот вицепремиер Артан Груби, вчера за „ТВ 21“  најави дека Владата ќе ги субвенционира приватните компании кои ќе вработуваат албанци или граѓани од другите етнички заедници.

Според него ваквата мерка ќе се разгледува во следниот период.

Груби денеска пак ја појасни ваквата изјава, велејќи дека се уште се работи само за идеја, дека немаат разговарано со компаниите но сепак тоа било вметнато во владината програма а и било во предизборната кампања на ДУИ.

Субвенционирањето на приватниот сектор за вакви вработувања, според вицепремиерот, ќе биде од помош за бизнис секторот, нема да биде неквалитетно, туку напротив ќе овозможи правична застапеност на малцинските заедници.