Жителите на рурален округ во Индонезија кои не носат заштитни маски за лице се соочуваат со казна во форма на копање гробници за починатите од Ковид-19.
Локалните власти ја воведоа оваа казнена мерка со цел да го принудат населението да придонесе повеќе за да се спречи ширењето на пандемијата Ковид-19, а на 9 септември, таа беше изречена на тројца мажи на средна возраст и пет малолетни лица.
Според Си-Ен-Ен, алтернатива на овој вид „социјална казна“ е да се плати казна во еквивалент на 10 долари.
Иако носењето маски на јавни места е задолжително низ цела Индонезија, дел од населението силно се спротивставува на тоа и не го почитува тоа правило, како и обврската за одржување на физичката оддалеченост, а централните власти оставија на локалните власти утврдување на казни за овие прекршоци
Вкупно речиси 230.000 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Индонезија, при што починаа најмалку 9.100 лица во земјата.
Преземено од:https://www.blic.rs/