Трката за пронаоѓање ефикасна вакцина против Ковид-19 и спречување на ширењето на вирусот на глобално ниво, не познава граници, а за жал непознавањето на границите најскапо го плаќаат животните.
Во игра се повеќе од 100 можни вакцини, додека побарувачката за мајмуните прераснува во понуда на пазарот. Последиците од сето ова највеќе се огледуваат во снемувањето на мајмуните од нивните природни живеалишта. Според американските медиуми, пред да се започне со официјално испитување на вакцините на луѓе, во предклиничките истражувања се бара можност како тоа да се изведе сигурно и делотворно и тоа да не биде практикувано врз луѓе, туку врз мајмуни.
-Имаме истребување. Секогаш сме биле во состојба во која нашата продукција одвај ја задоволува побарувачката за мајмуни кои се користат во истражувачки цели, а кога се појави пандемијата на коронавирусот, тоа не притисна уште подалеку, изјави доктор Скип Бом, помошен директор задолжен за ветеринарна медицина во Националниот центар за истражување примати во Њу Орлеанс.
Вакцината против Ковид-19 се очекува да биде на пазарот и достапна за државите во 2021 година.