Општо познато е дека јавните тоалети претставуваат места со многу бактерии поради големата дневна циркулација на луѓе. Многу лесно е да добиете некоја инфекција, а особено во ова време уште поважно е да водите сметка за тоа и да се грижите за своето здравје. Сепак, во некои ситуации сме принудени да ги користиме јавните тоалети, па за да бидете побезбедни почитувајте ги следните правила:
Физичка дистанца
Ова е една од најважните мерки. Бидете барем неколку метри оддалечени од другите луѓе, а ако не можете ставете маска преку носот и устата. Ако тоалетот и не е толку голем, подобро почекајте надвор додека да се намали бројот на луѓе.
Површините допирајте ги со марамче во раката
Тешко е да се избегне допирањето на некои површини – од кваките на вратите до чешмите. Имајте доволно марамчиња за да можете со нив да ги допирате тие површини, а кога ќе завршите со нивното користење веднаш фрлете ги и добро измијте ги рацете.
Поминете што е можно помалку време внатре
Што подолго сте во тоалетот, толку поголема е можноста за зраза. Времето поминато внатре нека биде што е можно покусо. Избегнувајте поправање на шминката или фризурата.
Не користете ги сушачите за раце
Кога ќе завршите со миењето на рацете избришете се со тоалетна хартија, наместо да ги користите сушачите – советуваат експертите. Истражувањата покажуваат дека од нив може да се шират бактерии, така што подобро е да ги избришете рацете со хартија.
Извор: magazin.novosti.rs