Апасиев на распит во ОЈО за говор на омраза, најави дека нема да престане да пишува статуси – ММС
ММС

Објавено на: 09/16/20 12:58 PM

Апасиев на распит во ОЈО за говор на омраза, најави дека нема да престане да пишува статуси

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска даваше исказ во обвинителството по трите кривични пријави кои беа поднесени против него за ширење говор на омраза во статусите што ги објави непосредно после парламентарните избори, меѓу кои и фамозниот „џабе ни се лижете сите ќе ве стреламе“.

Пријавите против него се поднесени од Мерсиха Смаиловиќ, Тања Милевска и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

– Во ниту еден од моите фејсбук-статуси не постои надминување на прагот на толеранција, согласно судската пракса на Европскиот суд за човекови права. Согласно таа судска пракса, во едно демократско општество се дозволени говори кои не само што ќе скандализираат, не морам јас на сите да им се бендисувам, јас тоа го знам, така што нема да престанам, рече Апасиев.

Тој очекува дека Обвинителството ќе постапи ажурно како што постапило во пријавите против него, кога тој ќе поднесе контрапријави, бидејќи добивал закани по живот и животот на неговото семејство.

– Очекувам Обвинителството да биде вака ефективно и за оние што вечерта пукаа со калашникови и за оние што на секој втор збор се закануваат со војна, особено од албанскиот политички националистички кампус, додаде Апасиев.