Само слабите жени плачат – изјавила Скарлет О’Хара и веројатно била во право. Најлесно е да се плаче кога мажот што една жена го сака, заминува. Сепак постои ефикасен начин за да се преболи поранешната љубов, а тоа не е затворањето во „четири ѕида“.
Доколку партнерот ве изневерувал направете да зажали за раскинувањето. За да го задоволите своето его фрлете се на секс од одмазда.
Некои психолози сметаат дека сексот од одмазда е решение за кое често се одлучуваат повредените личности. Американските истражувачи дошле до заклучок дека третина од оставените се чувствуваат подобро по ваквиот секс. Првиот чекор што треба да го направите е да ја осмислите ситуацијата во која ќе се одигра сексот од одмазда. Вториот чекор е да се прикажете во најдобро издание.
Меѓутоа, треба да знаете дека ваквиот секс е испланиран чин и поради тоа не треба да се залажувате дека ќе се смирите. Доколку имате таква намера не впуштајте се во ваква акција.
Извор: magazin.novosti.rs