Утринава околу шеесетина вработени протестираа пред магацинот на ЈКП Тетово поради неисплатени придонеси, но и доцнење на плати.
Тие не ги пуштија камионите на ЈКП Тетово да го собираат сметот. Велат дека нема да работаат се додека не им биде ветено решавање на проблемот. Се заканија и со штрајк
Директорот на ЈКП Тетово Џелал Цека, вели дека незадоволство изразиле само дел од вкупно 300 работници. Смета дека ваквиот чекор не е оправдан, оти поради пандемијата претпријатието работело со загуби. Оттаму се надеваат дека проблемот ќе се реши со ребаланс на општинскиот буџет.
Од претпријатието додадоа дека имале и долгови од над 25 милиони денари.Побараа помош и од државата за целосно решавање на проблемот.